Починаа двајца пациенти, регистрирани се 38 нови случаи
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.
– Скопје 1
– Куманово 1
– Прилеп 4
– Велес 9
– Битола 1
Починаа двајца пациенти од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај. Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53г) и истиот е позитивен на ковид-19.
Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на ковид-19.
– Скопје 24
– Куманово 4
– Штип 4
– Тетово 3
– Битола 1
– Неготино 2
Досега во земјата се направени вкупно 27023 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Куманово и Скопје и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2077, бројката на оздравени пациенти е 1486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469.