5 земји од поранешна СФРЈ во втора полуфинална вечер на Евросонг
Македонската поп-дива Калиопи, како наш претставник на Евросонг 2012, со песната Црно и бело ќе настапи на втората полуфинална вечер, на 24-ти мај.
Тоа беше одлучено со ждребка во градот Баку, каде годинава се одржува Изборот за песна на Евровизија!
Но, она што претставува посебен куриозитет е фактот дека пет држави настанати по распадот на СФРЈ – Македонија, Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина ќе настапат заедно во втората полуфинална вечер, на 24-ти мај!
На првата полуфинална вечер, два дена порано, од екс-ЈУ просторите ќе настапи Црна Гора, која ќе ја претставува Рамбо Амадеус.
Освен Калиопи за Македонија и Рамбо за Црна Гора, познати се и другите регионални учесници. Србија ќе ја претставува Жељко Јоксимовиќ, Хрватска – Нина Бадриќ, Босна и Херцеговина – Маја Сар, додека претставникот на Словенија ќе биде познат на 26-ти февруари…
{loadposition content9}