Масакр на Флорида, 50 мртви
Исламската држава ја презеде одговорноста на терористичкиот напад во Орландо, Флорида, во кој најмалку 50 луѓе се убиени, а 53 се ранети.
Исламската држава ја презеде одговорноста на терористичкиот напад во Орландо, Флорида, во кој најмалку 50 луѓе се убиени, а 53 се ранети.
Напаѓачот, идентификуван како Омар Матен, пред нападот се јавил на 911 и разговарајќи со операторот се заколнал на верност на терористичката организација.
Сенаторот на Флорида изјави дека вмешаноста на Исламската државата во организацијата на нападот не е потврдена.
Омар Матен е државјанин на САД, на 29-годишна возраст, кој претходно два пати бил предмет на истрага на ФБИ, но било оценето дека се работи за симпатизер на ИД, кој не би направил чекор понатаму – кон конкретен терористички акт.
Нападот се случи во геј клуб во Орландо, а извршителот Мател користел AR-15 пушка, купена легално минатата седмица. Тој е убиен од страна на полицијата, при нејзиниот упад во клубот, со што се спасени триесетина луѓе кои биле внатре.
Во Орландо е прогласена вонредна состојба.
Претседателот на САД, Барак Обама, изјави дека нападот е „чин на терор и на омраза“, но и оти „ниту еден акт на омраза и терор нема да го промени фактот кои сме ние, и кои се вредностите што нѐ прават Американци“.