Skip to main content

Фестивал Охридско лето

63-тото Охридско лето впиша врвни и импресивни уметнички доживувања во фестивалската историја

Се спушти завесата на најпрестижната културна манифестација во земјава. Со претставата Лагата во изведба на Белградскиот театар, синоќа на античкиот театр  се означи  крајот на 63 то издание на фестивалот Охридско лето. Изминативе 40 дена над 1000 уметници, актери, солисти, хористи, музички ѕвезди… оставија белег на 63 то фестивалско издание.
 |  инфодеск  | 
охридско лето

Со театарската претстава „Лагата“ на Белградскиот театар, синоќа на Античкиот театар во Охрид се спушти завесата на најпрестижната културна манифестација во земјава фестивалот Охридско лето. И 63 то успешно издание во фестивалската историја впиша многу импресивни и возбудливи доживувања на врвни концерти и театарски претстави на автентичните локалитети во Охрид.

Тоа е уште една потврда дека фестивалот  останува еден од најистакнатите културни настани во Европа и светот, впишан  меѓу  петте најдобри во Европската асоцијација на фестивали, велат организаторите.

„Реализиравме восхитувачки настани кои публиката ги проследи со огромна радост. За повеќето настани се бараше карта повеќе, бележиме 50 процентно зголемување на продажбата, а она што за нас е посебно значајно, е тоа што имаме рекордна посетеност на странската публика. Резервации се правеа од Англија, Франција, Турција, Србија, Америка, Канада, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Холандија, Унгарија, Грција, Шпанија, Португалија, Полска, Норвешка, Финска, Шведска, Русија, Белгија, Австралија, Бразил, Израел. Тоа е доказ дека силата на музиката и театарот не познава граници”, истакна Наташа Поповиќ директорка на фестивалот Охридско лето.

И музичкиот и драмскиот селектор задоволни од успешноста на годинешното издание на фестивалот. Преполнии гледалишта, аплаузи, овации ќе останат впишани во фестивалската историја.

„Како што можеме да видиме од впечатоците на публиката ова беше едно ретко успешно издание  што потврдуваат и интересите и продажбата  на билетите за театарските претстави. Имавме навистина богата театарска програма”, вели Сања Арсовска драмски селектор.

Немања Радуловиќ

„Јас нема многу да зборувам бидејки кажавме во изминативе 40 дена се, ќе оставам делата да зборуваат. Нам како селектори посакувам да се надминеме себе си идната година на крајот на целиот фестивал ми останува да се заблагодарам на сите рваботени во Охридско лето за нивната несебична поддршка и огромен труд. Ќе посакам да не држи овој ентузијазам и понатаму да направиме уште подобри проекти за следната година”, истакна Бисера Чадловска музички селектор.

Изминативе 40 дена над 1000 уметници, актери, солисти, хористи, музички ѕвезди од сите страни на светот  оставија свој белег на 63 то фестивалско издание.

Ќе се памети гламурозниот настап на светски познатата сопранистка Анџела Георгиу и уникатното сценско доживување, со славниот холивудски  актер Џон Малкович.

Новинар Соња Рилковска