7 милиони жени гладуваат поради бикини
Жените се подготвени да направат баш се за да изгледаат убаво во летната сезона. Доказ за тоа е фактот дека 7 милиони жени годинава гладувале за да изгледаат убаво во бикини на плажа. Оваа импресивна бројка е вистински доказ за тесната поврзаност меѓу жените и различни диети кои ветуваат чуда.
7 милиони жени во светот признале дека периодов се на диета за да изгледаат подобро на плажа, а оние кои што сеуште не се на годишен одмор планираат да бидат на строга диета пред истиот. Причината е костимот за капење.
Истражувањето било спроведено во Велика Британија и истото покажало дека жените се подготвени да се откажат од кафе, но и земање капсули кои помагаат за слабеење, па дури велат дека ќе почнат и да пушат цигари за да во организмот внесуваат што помалку храна и да изгубат што повеќе килограми. 5 милиони жени веќе испробале и се откажале од 15 различни диети, што значи дека во просек припадничките на поубавиот пол гладуваат два пати месечно.
Истражување спроведено во Австралија покажало дека убавиот изглед во бикини е најдобрата мотивација. Секоја шеста жена добриот изглед го става пред здравјето, поважно им е да изгледаат убаво отколку да се чувствуваат здраво.
Докторите пак нагласуваат дека диетата е стресна и нездрава, а најдобар начин за одржување на линијата е здрава исхрана во комбинација со физички активности, т.е вежбање.
{loadposition content9}