7мо издание под отворено небо на Beach Film Festival во Охрид
Фестивалот се одржува на плажите Сараиште и Славија, и бродот Армада.
И оваа година охриѓани ќе можат да уживаат во проекциите на Beach Film Festival. Фестивалот, кој се одржува од 17-ти до 21-ви јули, ќе ги прикажува филмовите на најразлични локации и тоа: плажите Сараиште и Славија, и бродот Армада.
Од 3-ти до 7ми јули ќе се одржи и Beach Film Festival Warm-u, чија програма нуди 5 филмски проекции, а сите ќе се одржат на плажата Сараиште.
Во препрограмата во фокус ќе бидат шпанските филмови: EL BOLA, LUCIA Y EL SEXO, INTEMPERIE, CAMPEONES и MAR ADENTRO. Фестивалот се одржува со поддршка на шпанската амбасада.
Сите проекции се бесплатни и почнуваат од 20:30 часот.