Skip to main content

Во сабота ќе се одржи  8. Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“

Хорови од земјата и странство ќе настапат во историската црква „Света Софија“, а влезот за посетителите е слободен.
 |  инфодеск  | 
Vox Lychnidos

Охрид и оваа година ќе биде домаќин на еден од најзначајните хорски настани во регионот, Осмиот меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“, во организација на градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“.

Фестивалот ќе се одржи во сабота на 20 јуни 2026 година, со почеток во 19 часот, во црквата „Света Софија“, еден од највпечатливите културно-историски споменици во земјата и препознатлива сцена за музички настани со врвна акустика.

На фестивалот ќе настапат хорови од земјата и странство, кои преку богата музичка програма ќе понудат разновиден репертоар, од класични хорски композиции до современи аранжмани. Публиката ќе има можност да ужива во уникатни изведби, хармонични гласови и уметнички настапи кои ја слават хорската музика и културната размена.

„Гласот на Охрид“ низ годините прерасна во препознатлива музичка манифестација која привлекува голем број учесници и љубители на хорската уметност. Со секое ново издание фестивалот ја збогатува културната понуда на градот и создава незаборавни музички доживувања за посетителите.

Влезот за фестивалот е слободен, а настанот е поддржан од Општина Охрид.