Skip to main content

Роби Милер, миленикот на Вим Вендерс, добитник на „Златнатa камера 300“

Холандскиот кинематограф Роби Милер е добитник на годинешната награда за животно дело на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, објави денеска новиот претседател на фестивалот на кинематографи, господинот Благоја Куновски.

 |   | 
robi

Милер почнал да соработува со Вим Вендерс уште во 1969 година, по што следеле филмовите “Стравот на голманот од пенал”, “Алис во градовите” и “Париз, Тексас”, за кој е добитник на Златната палма во 1994 година, а со Ларс фон Трир ги снимил “Спроти брановите” и “Танчар во ноќта”. Во долгата низа познати режисери со кои работел се вбројуваат и Роберт Алтман, Роберто Бењини и Мајк Винтерботом.

Тој веќе има добиено награда на „Манаки“ во 1996, а во 2002 година бил и член на жирито. За жал, Милер веројатно нема да присуствува на фестивалот, заради болест која го врзува за инвалидска количка, па статуетата ќе му биде врачена на 3 јуни од директорот на фестивалот Куновски и уметничката директорка Евгенија Теодосиевска во Амстердам кога, во негова чест, се отвора голема изложба. Инаку, годинешното 37-мо издание на „Браќа Манаки“ се планира за 10 до 17 септември, а програмата е во подготовка.