Ах тие Новогодишни одлуки
Обично луѓето за Нова година донесуваат одлуки од типот нема повеќе да пушам или нема толку да јадам. Доколку и вие размислувате да воведете некои нови промени за Новата година потрудете се барем некој од нив да бидат воведување на здрави навики кои со себе ќе донесат уште неколку позитивни промени.
| | Сцена & Муабети
novogodishna odluka
Обично луѓето за Нова година донесуваат одлуки од типот нема повеќе да пушам или нема толку да јадам. Доколку и вие размислувате да воведете некои нови промени за Новата година потрудете се барем некој од нив да бидат воведување на здрави навики кои со себе ќе донесат уште неколку позитивни промени.
Луѓето кои во животот внесуваат некои позитивни и здрави промени со нив повлекуваат и многу други корисни работи за кои можеби и не се свесни, открива најновото истражување. На пример доколку пушачите ги отфрлат цигарите подоцна почнуваат да јадат повеќе овошје и зеленчук.
Истражувањето било спроведено од страна на Националниот центар на Велика Британија за социјални истражувања и експертите се надеваат дека резултатите ќе ги охрабрат луѓето промените да ги вклучат како составен дел на своите новогодишни одлуки.
Додека здравите навики раѓаат други здрави навики, лоште навики пак резултираат со нови нездрави навики. На пример луѓето кои јадат многу пржена храна, јадат повеќе солено но и почесто пијат алкохол, посочуваат експертите.
Новата година е одлично време да се отфрлат нездравите навики како пушењето и да се воведат позитивни промени на пример како редовното вежбање.
Луѓето треба да бидат свесни дека само една здрава одлука ќе придонесе за низа други позитивни промени, а тоа е голема работа.
{loadposition content9}