Ајнштајн сепак бил во право
Ништо не може да патува побрзо од светлината.
Ова е резултат од експериментот на физичарите кои докажале дека поединечен фотон соодвествува со Ајнштајновиот закон за брзината на светлината. Имено, пред десетина години научниците открија дека ширењето на оптичките пулсови низ одредени медиуми може да ја надмине брзината на светлината.Подоцна е докажано дека станувало збор за оптичка измама, но и понатаму се веруваше дека поединечен фотон, светлосна единица, би можела да патува побрзо од светлината и тоа ја надополнуваше идејата за можност за патување низ времето.Сепак, физичарот Ду Шенгванг верувал во Алберт Ајнштајн.
Тој со неговиот тим од Универзитетот за наука и технологија во Хонг Конг ја тестирале брзината на поединечен фотон и докажале дека ништо не може да патува побрзо од светлината.Така го потврдиле тврдењето кое го дефинирал Ајнштајн, дека ефектот не може да се случи пред да се случи она што ќе го предизвика истиот.
“Со докажувањето дека поединечен фотон не може да ја надмине брзината на светлината, конечно ја завршуваме дебатата за вистинската брзина на информациите кои ги пренесува поединечен фотон”, изјавил Ду Шенгванг.