Акции за чистење на плажите
Ј.П.„Охридски Комуналец“ започна со акции за чистење на плажите на охридското крајбрежје. Денес се расчистуваше Градска плажа на потегот од вливот на река Грашница до основното училиште во населба Даљан и плажите кои не се дадени под закуп на потегот од Лагадин до Пештани.

Се подига трската и расфрланиот ситен и тешко разградлив отпад натрупан на крајбрежјето од езерските води или од несовесните минувачи.
Ние со овие акции покажуваме дека се грижиме за здрава и чиста животна средина, а граѓаните најмалце што можат да направат за да се зачува овој наш непроценлив бисер е да не го расфрлаат отпадот и соодветно да го депонираат.