Амбалажа краси, амбалажа гнаси
Ова се примери за оригинално замислени амбалажи на продукти, кои сигурно успеале да им донесат многу добар профит на компаниите.
Шпагети „Њујорк“
Оригинална идеја на дизајнерот Алекс Кремер, кој со помош на шпагетите претставува еден од најпрепознатливите облакодери во светот „Емпаер Стејт Билдинг“.
Мед на познатиот производител „Klein Constantia“
Белата кутија претставува сандак за чување пчели. Од напред го има златното лого на компанијата, а може да се забележат и „шајките“ и „штиците“ од кои е направен сандакот. Кога ќе ја отворите кутијата, однатре паѓаат мали пчели направени од хартија, кои ги има и на внатрешниот дизајн на кутијата.
Путер со ноже
Феноменална замисла која воедно е и многу корисна и практична, бидејќи во многу ситуации може да се случи да не ни се наоѓа прибор при рака, па ова малечко ноже кое е составен дел од амбалажата може да заврши голема работа.
Чајче со бродче
Овој дизајн е создаден за да се избегне несаканото пропаѓање на целата кесичка со сè кончето на дното од шолјата. Вака бродчето ќе плови на површината, а вие во секој момент ќе можете да го извлечете неговото „сидро“.
Паковка за сендвич против крадачи
Доколку имате проблематични колеги кои секогаш успеваат да ви го „мафнат“ појадокот.
Чајче за креативци
Нели обичните кесички за чај се веќе досадни.
{loadposition content9}