Amnesty International: Длабока корупција и политички судир во Македонија
Забавени истраги за висока корупција поради политичкиот судир во Македонија, дискриминација на Ромите и лоши услови за бегалците и мигрантите.
Забавени истраги за висока корупција поради политичкиот судир во Македонија, дискриминација на Ромите и лоши услови за бегалците и мигрантите. Вака Амнести Интернешнал ја сумира Република Македонија за изминатата 2016 година, во најновиот извештај за состојбата со човековите права во светот.
Амнести интернешнел соопшти дека човековите права во светот се под закана поради политичари кои користат „отровна и нехумана“ реторика против етнички или религиозни малцинства, со цел да ја засилат нивната политичка моќ. Во годишниот извештај објавен денеска, Генералниот секретар на оваа организација Салил Шети истакнува дека „сеењето страв стана опасна сила во светските работи“, креирајќи поразделен и поопасен свет.
Глобалниот тренд на поагресивна и политика на поделби беше илустриран од отровната реторика на кампањата на Доналд Трамп, но политичките лидери на различни места во светот исто така ја зацврстуваат својата идна власт со говор на страв, обвинувања и поделба, рече Шети.
Тој ги именува Трамп, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, унгарскиот премиер Виктор Орбан и филипинскиот претседател Родриго Дутерте меѓу растечкиот број на политичари кои сами се нарекоа „анти-естаблишмент“ и користат „отровна агенда која гони, обвинува и дехуманизира цели групи на луѓе.