Skip to main content

„Аналфабет“ повотрно на репертоарот на Охридскиот Народен театар

Викендов, на 7 и 8 април,охридскиот Народен театар повторно на репертоарот ја постави претставата, „Аналфабет“,  работена од Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески.

 |   | 

Викендов, на 7 и 8 април,охридскиот Народен театар повторно на репертоарот ја постави претставата, „Аналфабет“,  работена од Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески.

Станува збор за тетарско дело кое се занимава со луѓето кои црпат голема моќ од функциите на кои се поставени во општеството и ги злоупотребуваат привилегиите за лични интереси, без оглед на последиците кои ги предизвикуваат.

Во улогата на Максим Благадуша е Горан Стојаноски, Никола Тодороски го глуми ликот на Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски е Румен Вујаклија и Елизабета Стефановска како Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Во претставата се користат пиротехнички средства и претставата не е препорачлива за возраст под 14 години.