Арета Френклин наполни 70 години
Легендарната пејачка Арета Френклин го прослави 70 роденден, но воедно најави и повторна соработка со својот музички ментор Клајв Дејвис.
Легендарната пејачка Арета Френклин го прослави 70 роденден, но воедно најави и повторна соработка со својот музички ментор Клајв Дејвис.
На раскошната вчерашна роденденска забава, кралицата на соулот пречекала многу познати имиња како што се Дајан Соер, Ал Шарптон, пријателот и вереник Вили Вилкерсон, но и легендарниот Клајв Дејвис, продуцентот заслужен за нејзиното големо враќање во 1980-те години.
-Повторно потпишав за Клајв и снимаме нов албум – рекла Арета за „Асошиејтид прес“.
Се осврнала и на биографскиот филм кој наскоро треба да почне да се снима, но пејачката само кратко изјавила дека продукцијата моментално е во „лимбо“ и дека во овој момент има премногу планови и обврски за да се занимава со филмовите во предпродукција.
{loadposition content9}