Skip to main content

Проектот АРТ ЛАБ на Здружението Тактус ги обедини младите преку музика и уметност

Целта на проектот е зајакнување на мултикултурниот дијалог, разбивање на бариерите и предрасудите помеѓу младите од различни етнички позадини.
 |  инфодеск  | 

Здружението Тактус го заврши едногодишниот проект насловен АРТ ЛАБ. Арт Лаб беше дел од  проектот „Градиме Нови Мостови“ финансиран од ИПА програмата на ОБСЕ, кој за цел имаше да ги обедини младите од различни етнички позадини преку универзалниот јазик на музиката и уметноста. 


Во проектот Арт Лаб учествуваа вкупно 26 млади, по 10 средношколци од албанска и македонска националност, 2 Турци, 2 Египјани, 2 Македонци Муслимани.
Во првиот дел учесниците спремија концерт наречен „Music Lab“  кој претставува музички времеплов  од средниот до 21 век. Во вториот дел учесниците работеа на „Химната за еднаквост“, кадешто под водство на менторите, сами ја компонираа музиката и го напишаа текстот на химната. Понатаму, химната беше снимена и се изработи видеоспот во кој беа прикажани сите моменти од активностите од проектот. На крај учесниците изработија колаборативно сликарско дело, изработено од 21 платно споено како мозаик. Делото беше насловено „We are one“.

Целиот проект придонесе за зајакнување на мултикултурниот дијалог, за разбивање на бариерите и предрасудите помеѓу младите од различни етнички позадини и развој на меѓусебната соработка преку универзалниот јазик на музиката и уметноста, велат од Здружението Тактус.

Координатор на проектот беше м-р Снежана Караџовска – Попова, а се спроведуваше во просториите на ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“ и Europe House Struga.