„Art of living“ работилница во Охрид
Животот започнува со вдишување, а завршува со издишување. Нема добро здравје со лошо дишење, нема бистар ум со малку кислород, нема добар тренинг и спортски успех со лоша техника на дишење, затоа започнете да го слушате вашето дишење.
Животот започнува со вдишување, а завршува со издишување. Нема добро здравје со лошо дишење, нема бистар ум со малку кислород, нема добар тренинг и спортски успех со лоша техника на дишење, затоа започнете да го слушате вашето дишење.
Здивот е врската помеѓу телото и умот, тој е клучот за справување со нашиот ум и негативните емоции, тој е иструментот со кој купуваме време и здравје!
Да го решиме стресот и да ги ослободиме нашите вистински потенцијали на работа, дома, да имаме квалитетно време за себе и своите сакани.
Да го разбудиме сопствениот потенцијал за Љубов, да ја разбудиме сопствената желба да се бараме и запознаеме себе си, да сме способни да превземеме одговорност самите да управуваме со сопствениот живот.
Елементи кои ја сочинуваат работилницата:
Практично знаење за да се справи со секојдневните предизвици на животот
Интерактивна вежби
Yoga вежби, истегнување за релаксација
Mедитација и моќни техники на дишење
Ujjayi, Pranayama, Bhastrika,
Sudarshan Kriya, уникатна техника
Придобивки и благодет од Art of Living работилницата:
позитивна состојба на умот
зголемена фокусираност и концентрација
подобрена здравствена состојба
ослободување од несоница, напнатост, тензии
регулирање на кортизолот и нивото на маснотии во крвта
зајакнување на имунолошкиот систем
Работилницата ја води Теодора Костовска – Art of Living Учител
Термин за одржување:
27 Февруари петок 18оо – 21 ооh
28 Фев. – 01 Март сабота и недела 10оо – 17 ооh
02 Март понеделник 18оо – 21ооh
Место на одржување на работилницата:
Централна Детска Градинка – Охрид ул. Димитар Влахов 63
(присуството е задолжително за сите денови додека трае работилницата).
Цена на работилницата:
Цената на 4 дневната работиница е 2.000,оо денари, за студенти 1.400,оо,
за оние кои сакаат да ја повторуваат работилницата 600,00 ден. .
Напоменувам, работилницата се плаќа еднаш, стекнатото знаење и искуство дневно го применуваме а еден ден во неделата заеднички ( во група ) вежбаме, дишеме и медитираме.
Интересот потврдете го со испраќање на пријава и уплата на аванс од 1.200,оо денари на сметката при НЛБ Тутунска Банка 210062445300134.
Што ви е потребно:
Удобна облека за вежбање, простирка за на под, топла прекривка, шише со вода или термос со топла напивка и желба да направите нешто за себе.
Пријавете се кај:
Теодора Костовска: тел. 075 40 50 60 или theodoraаol@yahoo.com
Во придобивките на ова прилагодено знаење кон потребите на современиот начин на живеење, како и во исцелителската моќ на здивот, уживаат луѓе од речиси сите земји во светот. Доколку ви се потребни повеќе информации, не спречувајте се да се јавите или пишете, Ви стоиме на располагање.
{loadposition content9}