Астероидот кој ги уби диносаурусите денес минува покрај Земјата
Од НАСА порачуваат дека нема опасност за Земјата, но за секој случај советуваат дека единствена заштитна мерка е молитвата.
Од НАСА порачуваат дека нема опасност за Земјата, но за секој случај советуваат дека единствена заштитна мерка е молитвата.
Аматерите и професионалците со нетрпение го набљудуваат небото. Денес покрај Земјата ќе помине астероид со големина на девет крузери. Нешто поголем бил астероидот кој засекогаш ги истреби диносаурусите од Земјата.
-Овој астероид не претставува опасност за Земјата, но нам ни се дава добра прилика да ја проучиме неговата големина, облик и ротација- вели Линди Н. Џонсон од НАСА.
Според очекуваниот пат, астероидот ќе биде оддалечен од Земјата 15 пати повеќе од Месечината.
Интересот на јавноста за астероидите се зголеми откако Русија беше цел на метеорски дожд во февруари годинава.
НАСА ја прогласи 2013 година, како година на комети и астероиди, а највозбудливо случување не очекува на крајот на ноември, кога пристигнува кометата ИСОН.
Овие објекти не се опасни за Земјата, а во случај некој во иднина да преставува закана од НАСА порачуваат дека единствен спас е молитвата.
{loadposition content9}