Астролошко значење на деновите во неделата
Секој ден во неделата носи добри и лоши можности затоа што има свое значење и влијание. Така на пример Марс владее со Вторник и тогаш треба да избегнувате дискусии, расправи и полемики.
Секој ден во неделата носи добри и лоши можности затоа што има свое значење и влијание. Така на пример Марс владее со Вторник и тогаш треба да избегнувате дискусии, расправи и полемики.
ПОНЕДЕЛНИК
Не треба да се започнува ништо важно затоа што овај ден е многу променлив. Идеален е за активности во домот, садење билки,за кумуникација со родителите или за прес конференции. Ова е поволен ден за занимавање со теми од психологија и парапсихологија. Со овај ден владее Месечината а обоен е во сребрена или бела боја.
ВТОРНИК
Ова е ден за акција, борбеност и темпераментност. Во вторник завршете ги сите работи за кои не треба многу размислување. Кога е потребна храброст и самоувереност најдобро е да се впуштите во акција баш во вторник. Владетел е Марс а бојата на денот е црвена.
СРЕДА
Најдобар ден за коресподенција, маркетинг, состаноци, преговори и кратки патувања. Поволен за студентите и полагање испити. Потпишувањето на договори сепак оставете го за четврток. Овој ден ја носи енергијата на Меркур и е во зелена боја.
ЧЕТВРТОК
Ден поволен за секаква активност. Со овај ден владее Јупитер. Порано луѓето се венчавале во четврток за да си обезбедат долготрајна среќа. Четврток е поволен за експанзија во секој поглед. На овај ден договарајте значајни зделки, склучувајте договори, правете финансиски трансакции. Најдобар е за долгорочно планирање. Четвртокот е во лимон или бледо жолта боја.
ПЕТОК
Ден за уживање и љубов. Со него владее Венера. Во петок времето трошете го на партнерот или на масажа, забава, релаксација, шопинг. Петок е обоен во бледо розева боја.
САБОТА
Ден со најмрачна енергија. Со неа владее Сатурн кого многумина го нарекуваат „учител-мачител“. Ден кога треба да го одработите она што долго време сте го одложувале. Парадоксот лежи во тоа што луѓето во сабота излегуваат да се забавуваат а всушност денот е одреден за аскетизам и дисциплина. Во сабота посетете ги старите баба и дедо или роднините на кои им е потребна помош. Денот поминете го во дисциплинирана работа, тишина и духовност. Бојата поврзана со овај ден е црна.
НЕДЕЛА
Ден на Сонцето. Ден за одмор, краткорочни планови и преиспитување на сопственото его. Ден за децата и домот. Бојата поврзана со овај ден е златна и светло жолта.
{loadposition content9}