Атлантида пронајдена…
Островот што беше мистерија за човештвото повеќе илјадници години и никој не ја знаеше неговата точна локација по легендарното „исчезнување“ е откриен. Тоа е тврдењето на тимот американски археолози кои објавија дека го пронашле „загубениот“ остров Атлантида во јужна Шпанија. Професорот Ричард Фреуд, од Универзитетот „Хартфорд“ во Конектикат, тврди дека легендарниот остров исчезнал по силно цунами што го збришало од лицето на Земјата.
За да ја лоцираат местоположбата на Атлантида тимот користел сателитски фотографии и комбинација на радари наменети за големи длабочини, дигитално мапирање и подводна технологија. Резултатот бил пронаоѓањето на чудни „меморијални градови“ што жителите на Атлантида ги изградиле пред да избегаат од островот. „Жителите на Атлантида, кои не починале од цунамито, изградиле нови градови на копното“, објасни професорот Фреуд. Контроверзните пронајдоци од истражувањето на тимот наскоро ќе бидат презентирани на каналот „Нешнал џиографик“. Со векови наназад, познатите филозофи дебатирале дали воопшто Атлантида постоела, а од пишувањата мислењата се поделени. И во минатото научниците тврдеа дека го пронашле легендарниот остров помеѓу Сирија и Кипар или во Црното Море, како и во Северното Море.
{loadposition content9}