Skip to main content

Детски спектакл на голема сцена

Aтрактивната детска претстава “Трите музички прасиња” во сабота во Охрид

Најмладите охриѓанчиња со нивните родители, во сабота со почеток од 12h ќе имаат можност да го проследат мјузиклот со волкот и трите прасиња, и вистински ќе уживаат во овај детски спектакл.
 |  инфодеск  | 

Вистински голем детски спектакл, на голема сцена во Охрид. Театарската претстава за деца “Трите музички прасиња”, која што по неколку пати ги полни салите низ цела Македонија ќе биде изведена и пред охридската публика. Претставата е закажана на 07.10.2023 година (САБОТА) во големата сала во Центарот за култура “Глигор Прчичев” во Охрид со почеток од 12h.

Овој детски музички спектакл, ќе биде изведен на големата сцена со професионални маски и одлична изведба на волкот и трите музички прасиња, кои претставата ќе ја збогатат со голем број на новокомпонирани детски песни специјално направени за оваа претстава, па врз основа на тоа слободно може да се каже дека оваа претстава е и мјузикл каде што во еден глас заедно ќе се радуваат најмладите охриѓанчиња.”- најавуваат организаторите.

После одиграните претстави во Скопје, Куманово, Прилеп и Битола (и тоа по неколку пати во еден град по барање на публиката), овој пат, честа ја имаат најмладите охриѓанчиња со нивните родители, кои во сабота со почеток од 12h ќе го проследат мјузиклот со волкот и трите прасиња, и вистински ќе уживаат во оваа детска музичка претстава.

Резервации 24/7 на телефон: 078/66-77-97

Бројот на карти е ограничен