Аудиција за новогодишната претстава „Зимска бајка“, се бара „детето под среќна ѕвезда“

Народниот театар – Охрид распишува аудиција за новогодишната претстава „Зимска бајка“, во продукција на Народниот театар – Охрид, по текст и режија на Ирена Стеријовска.
Аудицијата е наменета за деца на возраст од 7 до 12 години, кои имаат желба да бидат дел од театарска претстава и да се испробаат на сцената.
Ќе се одржи на 7 ноември 2026 година (сабота), со почеток во 11 часот, на малата сцена при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават на електронската адреса: tinat.petreska@gmail.com .
Избраното дете ќе има можност да помине едномесечен процес на работа со професионалниот театарски ансамбл, во рамки на подготовките за претставата, сè до премиерната и репризните изведби.
Од Народниот театар упатуваат покана до сите заинтересирани деца да се пријават и да ја искористат можноста да станат дел од новата новогодишна театарска приказна.




