Бадемите ја бркаат настинката
Бадемите се одлично средство во борбата против грипот и настинките, бидејќи го јакнат нашиот организам. Лушпата од бадемите ја стимулира имунолошката реакција и ја поттикнува антивирусната одбрана на организмот.
| | Сцена & Муабети
bademi
Бадемите се одлично средство во борбата против грипот и настинките, бидејќи го јакнат нашиот организам. Лушпата од бадемите ја стимулира имунолошката реакција и ја поттикнува антивирусната одбрана на организмот.
Научниците дошле до ова откритие, тестирајќи ја имунолошката реакција на инфекцијата од вирусот херпес симплекс 2 (ХСВ-2), кој е многу чест и издржлив вирус. Кога екстрактите од лушпата на бадемите се спротиставиле на тој вирус, бадемот се покажал како многу делотоврен против него.
Лушпата на бадемите, освен тоа, ја подобрува способноста на Т-клетките (вид бели крвни клетки) да ги препознаат вирусите и да ја зголемат способноста на организмот да го спречи ширењето на вирусите.
Научниците напоменуваат дека и останатите јаткасти плодови (оревите, лешниците, ‘фстаците) би можеле да ги имаат овие способности.

{loadposition content9}