Skip to main content

Национална опера и балет

Балетската претстава Жизел вечерва во НОБ

Во главните улоги ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Илијана Данилов, Бобан Ковачевски.
 |  инфодеск  | 
Жизел

Романтичниот балет во два чина „Жизел “ од Адолф Адам ќе биде изведен на сцената на Националната опера и балет вечерва во 20 часот.

Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов е преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска.

Диригент на претставите е Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло-дизајнот е на Милчо Александров.

Во главните улоги ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Илијана Данилов, Бобан Ковачевски.

Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.