Skip to main content

„Балкан-сеќавање на Тоше“ на 16-ти октомври на РТ Србија

Во студиото на РТС на Кошутњак во Белград се снима специјална емисија „Балкан-сеќавање на Тоше“.

 |   | 
od snimanjeto na emisijata
od snimanjeto na emisijata
Во рамки на одбележувањето на четири години од смртта на балканската музичка легенда Тоше Проески на 16.октомври со почеток во 21 часот на првата програма на српскиот национален тв-сервис РТС, како и нивниот сателитски канал, ќе ја емитуваат двочасовната емисија „Балкан – сеќавање на Тоше“.


od snimanjeto na emisijata

Во емисијата неговите пријатели ќе зборуваат за неговиот живот и ќе ги пеат неговите песни.
Станува збор за единствен проект на кој се работело четири месеци, во чест на балканскиот принц на поп-музиката, за кого зборуваат големите имиња од Србија, Македонија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Песните на Тоше во студиото на РТС, во придружба на гудачите и дувачите на Големиот симфониски оркестар, ќе ги исполнат неговите колеги и пријатели, меѓу кои: Аки Рахимовски, Kалиопи, Хари Варешановиќ, Тони Цетински, Сергеј Ќетковиќ, Александра Радовиќ, Марија Шерифовиќ, Јелена Томашевиќ, Ања Рупел, Антонија Шола, Бора Дугиќ, Нина Радојчиќ, Саша Ковачевиќ.
od snimanjeto na emisijataОд РТС напомнуваат дека станува збор за целосно некомерцијален проект, единствен по своите барања, и затоа единствено тие можеа да го реализираат, а сите учесници во него со голем ентузијазам и ангажман го прифатиле учеството.
Во рамките на двочасовната програма ќе биде емитуван и документарниот материјал, снимен во септември во Македонија, а пред се во Крушево, родното место на Тоше.


{loadposition content9}