Балкански фестивал на народни песни и игри
Утре започнува 61-то издание на на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Фестивалот ќе биде отворен со дефиле на учесниците и целовечерен концерт на Фолклорниот ансамбл „Танец“ на сцената на Долни Сарај. Концертот е со почеток во 20 часот и 30 минути.
Во рамки на фестивалот, утре од 18:00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде отворена изложбата „Муренките црници во изумирање во Радожда“ од академскиот сликар Слaвко Упевче.
Балканскиот фестивал на народни песни и игри e меѓународна фолклорна манифестација во организација на Национална установа Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид, како најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.
Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на УНЕСКО на најзначајни фолкорни манифестации во светот.
Во рамките на фестивалот се одржуваат и изложби кои секогаш биле блиски на ориентацијата на фестивалот.
Во изминативе години на Балканскиот фестивал се презентирани повеќе од 50.000 пејачи, играорци и инструменталисти од Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Австрија, Италија, Турција, Кипар, како и од Франција, Шпанија, Холандија, Германија, Русија, Молдавија, Полска, Чешка, Словачка, Белгија, Шведска, Данска, Финска, Велика Британија, Австралија, САД, Канада, Мексико Малезија, Коста Рика, Нигерија и други.
Организирањето на фестивалот е овозможено со материјална помош на Министерството за култура и пријателите на фестивалот.
Балканскиот фестивал годинава ќе се одржува од 7-ми до 11-ти јули.