Skip to main content

Греми награди

Батист ја освои наградата за најдобар албум

Џон Батист доби шест признанија на 64-тото доделување на американските музички награди Греми во Лас Вегас. Четири награди освои проектот Силк Соник на Бруно Марс и Андерсон Пак.
 |  инфодеск  | 
Џон Батист

Во Лас Вегас синоќа се одржа доделувањето на Греми наградите.

Батист ја доби најважната награда на вечерта за „We Are“, албум инспириран од движењето Black Lives Matter.

Верувам во тоа до срж – не постои најдобар музичар, најдобар уметник, најдобар играч, најдобар актер. Креативната уметност е субјективна. Јас само ја спуштам главата и работам секој ден – рече Батист.

Џон Батист

Silk Sonic, дуо со Бруно Марс и Андерсон Пак, ја освои наградата за песна и снимка на годината за неговиот хит од 1970-тите „Leave the Door Open“.

Во моментов навистина се трудиме да останеме скромни – се пошегува Пак.

Бруно Марс и Андерсон Пак

За „откритие на годината“ е прогласена Оливија Родриго, 19-годишна пејачка.

Ова е мојот најголем остварен сон. Ви благодарам многу – рече Родриго.

За најдобра рок изведба, признание доби бендот Фу Фајтерс за „Making a fire“. Бендот е награден и за најдобар рок албум.

„Jail“ на Кање Вест и Џеј Зи доби признание за најдобра рап песна, а за кантри песна, се награди „Cold“ на Крис Стаплтон.

Греми наградите, од 1959 година ги доделува американската Академија за уметности и науки на рекорди (НАРАС).