Beam me up Scotty!
Рускиот One е нов модел трамвај, кој изгледа доаѓа од филм во жанрот на научната фантастика.
Рускиот One е нов модел трамвај, кој изгледа доаѓа од филм во жанрот на научната фантастика.
Футуристичкиот трамвај е со LED осветлување во кабината, дрвени огради и лизгачки стаклени врати, кои се управуваат со екран осетлив на допир, соопштува Business Insider.
Дизајнер на футуристичкото возило е Алексеј Маслов. Внатрешноста дефинитивно е импресивна, a широките седишта нудат целосна удобност при патување. Трамвајот е електричен и може да помине 50 милји со едно полнење.
Секој од деталите на машината е правен во рускиот UralVagonZavod. Предвидено е производството на трамвајот да започне оваа есен.
Од локалната управата на градовите Екатеринбург, Омск и Москва веќе се заинтересирани за купување на модерното превозно средство.
{loadposition content9}