Беседата под шифра „Тивериопол“ избрана за најдобра за 2026
Во конкуренција од 17 пристигнати беседи Комисијата за спроведување на конкурсот за избор на најдобра беседа посветена на големиот поет и преродбеник Прличев на тема: „По песната птиците се разликуваат“ едногласно одлучи наградата за најдобра беседа за 2026 година да ја додели на беседата под шифра „Тивериопол“, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид е установата покренувач и организатор на Конкурсот кој се организира по четврти пат.
Од Библиотеката велат дека очекуваат за брзо да го дознааат и името на добитникот со соодветна потврда на идентитетот и напишаната беседа.
Инаку, „По песната птиците се разликуваат“ е една од мислите кои Прличев често ја употребувал во своите беседи пред охриѓани, а со традиционалниот конкурс Библиотеката сака да го поттикне творештвото на младите луѓе да пишуваат креативно и да го збогатат својот израз.
На авторот на најдобрата беседа на почетокот на февруари во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“ ќе му биде доделена парична награда од 9000 денари и признание со ликот на Прличев.