Били Боб ќе снима филм за бракот со Анџелина Џоли
Иако актерката денес е среќно заљубена и ужива во животот со Бред Пит, не била отсекогаш таква.
| | Сцена & Муабети
Billy Bob i Jolie
Били Боб Торнтон планира да сними филм за својот брак со Анџелина Џоли. Иако актерката денес е среќно заљубена и ужива во животот со Бред Пит, не била отсекогаш таква. Торнтон планира да ја опише нејзината мрачна страна. Веста за снимањето на филмот ја потврди и продуцентот Александер Родњански изјавуваќи за Variety дека Били ќе биде сценарист и режисер на филмот за неговиот краток но турбулентен брак со Џоли.
Филмот има работен наслов “And Then We Drove” а ќе почне да се снима оваа година.
Били Боб и Анџелина се венчаа во 2000-та год. во Лас Вегас по кратка врска, а често беа на насловните страни поради бизарните изразувања на нивната љубов.
{loadposition content9}