Skip to main content

Ем благотворна, ем бесплатна!

Една искрена прегратка од пријател или партнер може да има големо влијание врз нашето тело.

pregratka
прегратка

Научниците открија дека исто како насмевката, и прегратката има лековити својства. Истражувањата покажуваат дека прегратката има голем ефект врз лечењето на разни физички болести но и врз осаменоста, депресијата, анксиозноста и стресот.

Во истражувањето направено од Универзитетот во Северна Каролина, истражувачите откриле дека прегратката го зголемува нивото на хормонот за „поврзување“ – окситоцин, го намалува ризикот од срцеви заболувања, го намалува крвниот притисок и нивото на стресот на хормонот кортизол.

Како нашето тело реагира за време на прегратката?

Според истражувањата спроведени на Универзитетот во Северна Каролина, кога еден заљубен пар се прегрнува 20 секунди, нивните тела го зголемуваат нивото на окситоцин, хормон кој најмногу се излачува при пораѓање или при доење. Исто така, и пријателското прегрнување предизвикува значително зголемување на нивото, но не како љубовното.

Во меѓувреме, нивото на кортизолот- хормонот на стресот значајно се намалува кај жените, како и нивниот крвен притисок. Водачот на истражувањето и психологот Д-р.Карен Гревен вели: „Поддршката од партнерот е поврзана со поголемата количина на окситоцин кај мажите и жените. Но, важноста на окситоцинот и неговите потенцијални кардиопротективни ефекти се поголеми кај жената“:

Во друго истражување, спроведено во склоп на Nestle „Happily Healthy Project“, учествувале над 60.000 луѓе од Австралија. Водачот на проектот, Д-р Ентони Грант, психолог на Универзитетот во Сиднеј, на крајот на истражувањето заклучил: „Науката ни кажува дека допирот има важно влијание на телесното и менталното здравје. Докажано е дека допирот го намалува крвниот притисок, го зголемува имунитетот и ја намалува болката. Прегратката ослободува окситоцин, хормон кој кај луѓето предизвикува да се чувствуваат сигурно и кој го намалува нивото на кортизол со што се намалува стресот, тегобите и осаменоста“.

pregratkaПредноста на прегратката

Луѓето очигледно се друштвени, за што сведочат безброј истражувања кои покажуваат дека оние кои ги одржуваат блиските пријателски врски, како и оние кои се во брак, се физички и психички поздрави. Истражувањата покажуваат дека искрената прегратка, во која две срца се притиснати едно со друго може да придонесува за овие предности:

– Прегратката ја гради довербата и чувството за сигурност. Таа помага во отворената и искрената комуникација.

– Прегратката може веднаш да го зголеми нивото на окситоцин.

– Долгата прегратка го подигнува нивото на серотонин, хормонот одговорен за доброто расположение и генералното чувство на среќа.

– Прегратката го зајакнува имунитетот. Таа ја стимулира жлездата тимус која го регулира и балансира производството на белите крвни зрнца.

– Прегратката ги опушта мускулите и напнатоста во телото. Исто така, таа ја намалува болката.

– Добрата прегратка буквално го намалува нивото на кортизол – хормонот за стрес.

– Прегратката е целосно бесплатна!

{loadposition content9}