Која е бојата на џет сетот?
Новинарот Џон Канингам од весникот „Њујорк тајмс“ се впушти во едно мало истражување на улиците на Њујорк со цел да дознае што носат џет-сетерите и како се препознаваат. По кратко шетање по Петтата авенија и неколку други локации на кои се движат трендсетерите, заклучокот е следен:
„Туристите во Њујорк можеби ќе си речат – кој умрел, луѓето овде се сите облечени во црно. Но, во суштина, тоа е заштитната боја на џет-сетот и елитата овде. Воедно, забележавме дека и така се распознаваат. Стилот, одбраниот бренд и ексцентричноста, им овозможува на овие луѓе да застанат на улица и да разговараат, иако не се познаваат лично“. (погледнете овде)
Така, црната боја станува своевиден знак на препознатливост и не може секој да си дозволи да изгледа како нив. Интересно модно истражување и заклучок на овој весник. Па, ако сте во Њујорк, не чудете се, не се работи за погреб, модната елита е излезена на улиците.
{loadposition content9}