Skip to main content

По бојата на очите се познава карактерот

Дека очите се огледало на душата, се сложуваат и научниците. Според американските студии, бојата на очите е директно поврзана со карактерните особини на личноста.

 |  Маја Савиќ  | 
оci
очи
Дека очите се огледало на душата, се сложуваат и научниците. Според американските студии, бојата на очите е директно поврзана со карактерните особини на личноста
oci
Синооките бараат нежност

Привлечни и симпатични, синооките би направиле се за саканата личност. Пристојни и со смисла за хумор, умеат да развеселат секого. Сините очи привлекуваат внимание, па тие луѓе честопати се срамежливи. Но ако се опуштат, сакаат да се истакнуваат, разговорливи се и нежни. Во љубовта знаат премногу да бараат.

Сивооките сакаат фер плеј

Во врската се нежни, логични и полни со поддршка. Објективни противници се при конфликтите – никогаш не претеруваат и се многу непристрасни. Зрело и чисто размислуваат во љубовта и се склони кон анализирање.

Семејството е најважно за кафеавите очи

Овие луѓе во работата се сериозни, а во креветот страствени – постојано размислуваат како да го задоволат партнерот. Семејниот живот им е важен, чувствителни се и сакаат деца. Одговорни се и доверливи, а многу ретко се срамежливи. Креативноста не им е најјака страна, ниту во работата ниту во љубовта.

Сиво-сината е боја на идеалисти


Креативни и фантазери, овие луѓе имаат сонлив поглед на светот, па така и на љубовните врски. Честопати се идеалистички расположени и способни да го разбудат оптимизмот во секого. Алтруисти се, спремни да се дадат себе си за повисоки цели.

Зелените очи хипнотизираат


Зеленооките сакаат долги врски, брзо се врзуваат со еден партнер со кој може да го поминат целиот живот. Верни се но и љубоморни, љубопитни и желни за експериментирање. Ретката боја на очи им дава предност при заведувањето, бидејќи го хипнотизираат секој кој во нив ќе погледне.

Доминантните имаат темнокафеави очи

Природни лидери со силен и цврст карактер. Тие се одлични љубовници кои знаат да го усреќат партнерот, но честопати се доминантни, што може да создаде проблеми. Присебни какви што се, тие се одлична поддршка ако имате проблеми.

Темносини очи има бестрашниот авантурист

Овие луѓе се продуховени мислители. Сакаат љубовни предизвици и не се откажуваат лесно. Не сакаат неправда и подготвени се да го кажат своето мислење без оглед на последиците. Често сакаат да разговараат со партнерот и веднаш ги решаваат проблемите.

{loadposition content9}