Божиќни адети низ светот
Славењето на Божиќ низ светот се јавува во многу различни форми. Некои можеби ќе Ви изгледаат бизарно, но за жителите во местото се сосема вообичаени.
Славењето на Божиќ низ светот се јавува во многу различни форми. Некои можеби ќе Ви изгледаат бизарно, но за жителите во местото се сосема вообичаени.
Во Шпанија постои една традиција во која луѓето ставаат трупец со нацртано насмеано лице во својот дом. Луѓето се грижат за дрвото во текот на целиот декември – го покриваат со прекривка за да му биде топло и го „хранат“ со вкусни оброци. На Божиќ, децата го кршат дрвото и му пејат.
Во украинските домови, луѓето кријат пајак во елката. Личноста која ќе го пронајде пајакот ќе има добра среќа целата година. Традицијата потекнува од стара фолклорна песна за вдовица која била премногу сиромашна за да го украси божиќното дрво и пајак го украсил дрвото со својата мрежа. Кога пристигнал Божиќ, мрежата се претворила во злато и сребро.
Во Каракас, Венецуела, луѓето одат на утринска молитва во црквата на ролери. Тоа се практикува од 16 до 24 декември. Најчесто, децата се оние кои се најбрзи и го водат патот.
Доколку одите во Норвешка за време на празниците не очекувајте да пронајдете метла во домовите. Семејствата ги кријат за вештерките да не ги украдат и го окупираат градот.
Можеби семејните собири за време на празниците се стресни за Вас. Тогаш, не сакате да живеете во Естонија. Таму, семејствата се релаксираат во сауна на Бадник. Тие пијат вотка и споделуваат приказни додека се потат во сауната.
Во делови од Италија подароците се поделени од страна на вештерката Ла Бефана. Таа пристигнува на Божиќ со традиционални слатки и овошки или лук и јаглен за лошите деца. Семејствата и’ оставаат чаша вино за патот, а доколку сте навистина добри, таа ќе Ви го избрише подот со нејзината метла. Има многу паради по улиците кои го слават овој лик.
{loadposition content9}