Skip to main content

Британската кралица Елизабета пие македонски вина

Џенсис Робинсон на нејзината веб-страница посочува дека црвеното вино од бербата од 2011 година е идеален избор за божиќните празници.

vranec

Џенсис Робинсон на нејзината веб-страница посочува дека црвеното вино од бербата од 2011 година е идеален избор за божиќните празници.

vranecБританскиот вински гуру Џенсис Робинсон која воедно е и колумнист на реномираниот весник „Фајненшл тајмс“, на својот веб-сајт го издвои виното „Вранец“ на македонската винарија „Стоби“ како главна препорака за Божиќ. Експертката која е и советник за винската визба на кралицата Елизабета Втора посочува дека црвеното вино од бербата од 2011 година е врвен избор за празничната трпеза.

– Некои неверојатно добри вина може да се најдат на најмалку очекуваните места. „Вранец“ на винаријата „Стоби“ би чинело двојно повеќе доколку доаѓаше од некоја очекувана, мејнстрим локација, а не од Република Македонија. Очигледно многу вешто е мешано од мојата колешка која исто така ја има титулата Master of Wine, Каролин Гилби и е специјалист за вински прашања и за Југоисточна Европа – пишува Џенсис Робинсон.

Вината на „Стоби“ уште со појавувањето на британскиот и американскиот пазар постојано добиваат врвни оценки од критичарите во некои од најреномираните медиуми. Англискиот критичар Пол Капуто посочува дека винаријата можеби не е најголемата во Македонија, но со производството од четири милиони шишиња годишно сигурно е еден од посилните играчи на пазарот. Годинава и американскиот весник „Волстрит журнал“ го рангираше виното „Жилавка“ на „Стоби“ меѓу топ пет пролетни вина во светот. Додека „Вранец“ од бербата од 2012 година беше препорачан од реномираниот „Вашингтон пост“ и ја доби оценката – „одличен“.