Skip to main content

По шест години пауза

Бритни Спирс се враќа на музичката сцена

Бритни Спирс на социјалните мрежи го објави дуетот „Hold Me Closer“ со Елтон Џон, преработка на неговата песна „Tiny Dancer“ од 1971 година.
 |  инфодеск  | 
Бритни и Елтон

Бритни Спирс и Елтон Џон ја објавија песната „Hold Me Closer” – новата преработка на неговата песна „Tiny Dancer“ од 1971 година.

Прилично е ‘кул’ што пеев со еден од најтренди мажите на нашето време… Ова е голема работа за мене!!! – напиша Бритни на Твитер.

За неа ова е големо враќање – по шест години вон сцената. Последната нејзина песна под назив „Slumber Party“ таа ја објави во 2016 година.

Џон неделава ја изведе песната и пред публика, во ресторан на југот на Франција.

Апсолутно сум воодушевен што имав можност да работам со Бритни Спирс. Таа навистина е икона – една од најголемите поп-ѕвезди на сите времиња и звучи неверојатно во оваа песна. Ја сакам многу и сум воодушевен од она што го создадовме заедно – истакна Елтон Џон.

Списанието „Ролинг стон“ ја има вклучено оригиналната песна на Елтон меѓу 500-те најдобри песни на сите времиња и тоа – на 47. место.

Во продолжение слушнете како звучи „Hold Me Closer” !!!