Skip to main content

Четкар прв ќе честита 8-ми март !

Светски познатиот џез музичар, охриѓанецот Владимир Василевски Четкар ги надитри колегите но и многумина господа во нашата земја.

 |  Маја Савиќ  | 

VladimirСветски познатиот џез музичар, охриѓанецот Владимир Василевски Четкар ги надитри колегите но и многумина господа во нашата земја. Тој ќе ја има привилегијата на понежниот пол прв да им го честита Денот на жената 8ми март. И тоа со романтичен концерт во нивна чест, а во неговиот роден град.

Тој, три дена пред сите, на 5 март, во кафулето  Аквариус ќе се престави со ексклузивен концерт за одбрана друштво. На истиот ќе преовладува сензибилна музичка програма составена од сопствена авторска музика, неизбежните соул и џез, како и фанк и латино класици во еден од најромантичните и најидилични амбиенти во нашава земја.

devojka


Додека Четкар ги прави последните подготовки, а нели се вели дека пред своите е најтешко да се музицира, вие добро подгответе се за викендот што доаѓа.

Романтика и музика, предобар избор за вашата драга.

{loadposition content9}