Skip to main content

Чевлите го откриваат карактерот на жената

Нема жена на светов која може да се задоволи со бројот на чевли што ги има. Секогаш ни недостасуваат уште пар-два за нашата колекција да биде совршена.

 |  Маја Савиќ  | 
cevli
чевли
cevli

Многу жени, и покрај тоа што имаат многу пара чевли, имаат дефинирано одреден облик кој им е омилен. Всушност, најомилениот пар чевли зборува многу за вашиот карактер.

Француските психолози направија навистина интересно истражување кое ја открива поврзаноста меѓу женскиот карактер и чевлите кои ги носи.

Zeni cevliСпоред резултатите од истражувањето, високи потпетици носат две потполно различни групи на жени. На едната страна се оние на кои тие чевли им служат за кревање на самодовербата, додека на другата страна се оние се секогаш погдотвени за предизвик, отворени се и забележително женствени.

Практичните и романтични жени уживаат во чевлите на платформа. Психолозите објаснуваат дека тие жени знаат што сакаат и знаат како да го постигнат тоа.

Психолозите ги анализираа и оние кои сакаат да носат полни потпетици. Според нив, жените кои носат високи и полни потпетици се самоуверени, имаат свои мислења и ставови зад кои цврсто стојат.

Оние, пак, кои сакаат ниски полни потпетици се нежни, флексибилни и опуштени. Посклони се кон компромис, а разговорот со нив е навистина пријатен.

Жените кои сакаат т.н. „машки“ чевли исто така добро знаат што сакаат, но почесто паѓаат во депресија и лесно се помируваат со одредени работи во животот.

Спортските модели, според француските психолози, им се омилени на оние жени кои лесно стапуваат во контакт со други луѓе, но сепак се конзервативни и не сакаат големи промени во животот.
{loadposition content9}