Skip to main content

Чеченија со методи на Хитлер против ЛГБТ заедницата

Во Чеченија властите ги прогонуваат хомосексуалците на начин кој не е виден ни во добата на Хитлер.

 |   | 

Во Чеченија властите ги прогонуваат хомосексуалците на начин кој не е виден ни во добата на Хитлер.

Во Чеченија постои концентрационен логор за хомосексуалци, во кој тие се тепаат до смрт и се мачат со електрошокови.

Меѓу уапсените има и познати личности, а мртви се веќе три лица. С е стравува дека црната бројка е многу поголема.

Но, доколку го преживеат логорот, ги убива нивното семејство. Членовите од семејството најчесто ги носат на осамени места, таму ги убиваат и закопуваат. За тие несреќни луѓе никој, никогаш не прашува.

За жрвите не постојат никакви службени податоци, бидејќи чеченските власти тврдат дека во логорите нема припадници на ЛГБТ ориентацијата.

Хомосексуалците се мачат и убиваат без претходно судење или тужење.

Уапсените престојуваат во ќелии во кои ниту се седи, ниту се лежи, а внатре ставаат по 40. Преживеаните зборуваат за мачењето и ужасот.