Крис купер е новиот Green Goblin
Пред неколку недели започна со снимање продолжението на големиот хит од минатата година, The Amazing Spider-Man.
Пред неколку недели започна со снимање продолжението на големиот хит од минатата година, The Amazing Spider-Man.
Во меѓувреме, добивме неколку интересни информации поврзани со проектот: изгледот на новиот костум на Спајдермен, како и информација дека во филмот (покрај Електро) ќе се појави и втор негативец, Рајно.
Heat Vision денеска ја објави веста дека актерот Крис Купер (The Bourne Supremacy, The Patriot, American Beauty) ќе го глуми Норман Осборн. Во стриповите, тој е извршен директор на Oscorp, кој се претвора во Зелениот Гоблин и непријател на Спајдермен. Засега, нема информација дали оваа трансформација ќе ја видиме во продолжението, или пак, ќе мора да почекаме до појавувањето на третиот дел.
Синопсис:
Животот на Питер Паркер е возбудлив – се бори со криминалот и поминува време со личноста што ја сака, Гвен. Тој не го заборави ветувањето кое го даде на таткото на Гвен, меѓутоа, тоа е ветување кое едноставно не може да го исполни. Работите се менуваат кога се ќе се појави Хари Озборн, како и новиот негативец, Електро. Питер ќе мора да се соочи со неговиот најголем предизвик досега.
Главните улоги ги толкуваат Ендру Гарфилд, Ема Стоун, Џејми Фокс, Шајлин Вудли, Ден Дихан, Пол Џиамати и Сали Филд. Режисер на филмот е Марк Веб, додека сценариото го напишаа Алекс Куртсман, Роберто Орки и Џеф Пинкер.
The Amazing Spider-Man ќе се појави во кино салите на 2-ри мај, следната година.
{loadposition content9}