Чоколада против упорна кашлица
Добра вест за љубителите на чоколада! Овој омилен деликатес може да помогне во лекувањето на упорното кашлање. Освен тоа, чоколадата не штити од мозочен удар и од компликации кои се поврзуваат со цироза на црниот дроб. Овој драгоцен ефект е последица на состојката теобромин, која природно се наоѓа во какаото, а со самото тоа и во чоколадата.
Теоброминот е заслужен за доброто чувство по грицкањето чоколада, како и за намалување на активноста во делот на мозокот кој ги иритира дишните органи и најголемиот дел на дигестивниот тракт.
Препаратите за стопирање на кашлицата главно ги третираат симптомите, но не и самата причина. Исто така, многумина ги заобиколуваат, бидејќи содржат алкохол и предизвикуваат вртоглавица, па затоа нивното консумирање никако не се препорачува кај малите деца.
Од друга страна, критичарите стравуваат поради нуспојавите од користењето на производите на база на кодеин. Претходните истражувања покажале дека теоброминот е 33 отсто поделотворен од кодеинот кога е во прашање ублажувањето и стопирањето на кашлицата. Освен тоа, теоброминот нема нуспојави кои се поврзуваат со вообичаените производи за лекување на кашлицата.
{loadposition content9}