Skip to main content

Црвенокосите се она вистинското

Секој жив човек на планетава кој има црвена коса е директен потомок на првиот човек со таква боја на коса.

blake lively
блејк лајвли

Секој жив човек на планетава кој има црвена коса е директен потомок на првиот човек со таква боја на коса. Најмногу наследници на нултиот црвенокос човек има во Велика Британија.Истражувањата на Компанијата ScotlandsDNA, која на идни родители им нуди да ја одредат бојата на косата на очекуваните бебиња, покажале дека сите луѓе кои во својот ДНК имаат некоја варијанта на црвена боја на косата се директни потомци на првиот таков човек во историјата.

Пер капита, Велика Британија има најмногу црвенокоси луѓе. Во Шкотска, преку 30 проценти се носители на таков ДНК а 13 проценти имаат црвена коса. Во Ирска носители има и повеќе (40 проценти од сите Ирци го носат генот) а 10 проценти се црвенокоси.
Ова се проценти далеку над европскиот просек по кој само .06 проценти од Европјаните се црвенокоси.

blake livelyБројноста на црвенокоси луѓе е поврзана со бројот на сончеви денови; најмногу ги има онаму каде што преовладува облачно време. Во ScotlandsDNA веруваат дека и историските причини за постоењето на овој ген се поврзани со недостаток од Д витамин.

За да се роди дете со црвена коса, обата родтители мора да бидат носители на соодветен ген а и тогаш само 25 проценти се шансите нивното дете да биде црвенокосо.

{loadposition content9}