Ctrl-Alt-Delete е обична грешка
Ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс призна дека наметнувањето на потребата корисниците да притиснат Ctrl-Alt-Delete за да се логираат на компјутерот било грешка.
Ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс призна дека наметнувањето на потребата корисниците да притиснат Ctrl-Alt-Delete за да се логираат на компјутерот било грешка.
„Можевме да воведеме едно копче, но човекот кој работеше на дизајнот на IBM тастатурата, не сакаше да го направи“ – изјави Гејтс.
Дејвид Бредли, инженерот кој работеше на првобитниот IBM PC, ја измислил комбинацијата која на почетокот служела за ребутирање на компјутерот, пишува The Verge.
„Можеби ја смислив комбинацијата, но Бил ја направи позната“ – кажал Бредли во една претходна прилика.
Сепак комбинацијата се користи и денеска на најновиот Windows 8 систем, благодарение на која корисниците можат да ја заклучат машината или да пристапат кон таск менаџерот.
Ctrl-Alt-Delete не е единствената грешка што Бил Гејтс ја призна.Тој претходно изјави дека софтверскиот гигант доцна се вклучил на пазарот на мобилни уреди.
„Не го пропуштивме тој пазар, но начинот на кој влеговме во тој сегмент, не ни дозволи да станеме лидери“ – кажа Гејтс додавајќи дека целата стратегија е очигледно погрешна.
Сегашниот извршен директор Стив Балмер кој планира наскоро да се пензионира, неодамна исто така ја призна грешката. На компанијата сега и треба нов директор кој ќе помогне да направи подобри нови уреди и да овозможи нови услуги со кои ќе придобие нов дел од пазарот на мобилни уреди и ќе се одвои од PC наследството.
Искреноста на признанието дадено за време на кампањата за собирање средства за Харвард предизвика насмевки кај публиката.
{loadposition content9}