Skip to main content

„Српски Опенхајмер“.

“Чувари на формулата” на Бјелогрлиќ во сабота на кино репертоарот на Центар за култура Охрид

,,Чуварите на формулата” е возбудлива филмска приказна инспирирана од вистински настан во Институтот Винча кој се случил пред 65 години, на 15-ти октомври 1958 година.
 |  инфодеск  | 

Мега популарниот филм “Чувари на формулата” на Драган Бјелогрлиќ на кино репертоарот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид во сабота 25.11.2023 година.

,,Чуварите на формулата” е базиран на романот на Горан Милашиновиќ „Случајот Винча”, е возбудлива филмска приказна инспирирана од вистински настан во Институтот Винча кој се случил пред 65 години, на 15-ти октомври 1958 година. „Чувари на формулата“, во Србија го нарекуваат „српски Опенхајмер“.

Оригинален наслов: Čuvari formule

Почеток на филмот: 25.11.2023год во 20.00 часот.

Траење на филмот: 120 Минути

Цена на карта 150 денари.

Жанр: Драма, Трилер, Историски

Содржина: Во екот на кризата од Студената војна, група научници од Институтот Винча спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложени на смртоносна доза на радијација, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во Клиниката Кири во Париз. Францускиот медицински тим предводен од професорот Жорж Мате заклучува дека нивната состојба е критична и дека деновите им се избројани. Предлага, за прв пат тогаш, да се изврши деликатна и неизвесна интервенција. Дали е тоа експеримент врз живи луѓе или искрена желба да им се помогне – станува мачно прашање за југословенските научници.

Напомена: Филмот не се препорачува за лица на возраст под 12 години.