Skip to main content

Цвеќето ќе ви „експлодира“ од цветови, трик со состојка која ја имате во кујната

Тајната, според многу љубители на цвеќето, не е секогаш во скапите препарати, туку во едноставен трик со квасец.
 |  инфодеск  | 
petunias, blossoms, balcony flowers, plant pot, terrace, decoration, flower decoration, petunia, garden petunia, pink, blooming, balcony plant, container plant, summer flowers, pink flower, splendid colors, petunias, petunias, petunias, plant pot, petunia, petunia, petunia, petunia, petunia

Ако одгледувате цвеќиња, сигурно ви е познато чувството кога вложувате време и труд, редовно ги полевате растенијата и им обезбедувате добра почва, а тие едноставно не напредуваат како што очекувате. Во исто време, кај соседите балконите се преполни со бујни саредели и петунии кои изгледаат како од списание.

Тајната, според многу љубители на цвеќето, не е секогаш во скапите препарати, туку во едноставен трик со квасец.

Зошто квасецот е корисен за растенијата?

Квасецот содржи витамини од групата Б, како и соединенија кои можат да ја поттикнат активноста на микроорганизмите во почвата. Тоа може индиректно да придонесе за подобар развој на кореновиот систем, а силниот корен му овозможува на растението полесно да ги искористи хранливите материи и да развие повеќе цветови.

Иако многу градинари го користат овој метод, важно е да се напомене дека квасецот не е замена за балансирано ѓубрење, туку може да послужи како дополнителна прихрана.

Balcony with abundant pink and white flowers

Како да го подготвите растворот?

За подготовка ќе ви бидат потребни:

  • 1 литар млака вода (не врела)
  • 10 грама свеж квасец
  • 1 полна лажичка шеќер

Растворете ги квасецот и шеќерот во млаката вода, а потоа оставете ја смесата да стои на топло место околу два до три часа. Кога на површината ќе се појави лесна пена, растворот е подготвен.

Пред употреба, концентратот разредете го со уште 5 литри вода.

Како се користи?

Со овој раствор полевајте ги сарделите, петуниите, бегониите и другите цветни балконски растенија еднаш на секои две недели, исклучиво во текот на пролетта и летото, кога растенијата активно растат и цветаат.

Што можете да очекувате?

По неколку недели, многумина забележуваат дека листовите стануваат потемнозелени и посјајни, а растенијата формираат повеќе цветни пупки.

Не претерувајте со употребата на растворот. Квасецот се препорачува да се користи најмногу еднаш на две недели, бидејќи прекумерната употреба може да ја наруши рамнотежата на хранливите материи во почвата. За најдобри резултати, комбинирајте го овој метод со редовна нега и соодветна прихрана на растенијата.