“D’Reamers” ја објавија новата песна
Синиша Карафилоски и Јордан Џејмс Ивановски во нивниот заеднички проект D’Reamers ексклузивно ја промовираат својата трета песна “Да исчезне се”. Песната доби и видео запис, кој е снимен во GreenRoom Sound Studio, со сите протагонисти кои се јавуваат како изведувачи, продуценти, репрезенти на самата мелодија.
Првично, видеото беше изработено пред 2 месеци, но после долги консултации, сфативме да покрај ова официјално видео, самиот аудио запис добива и втор спот, односно една ретроспектива, која и беше како првична идеа за официјалниот спот, но гледаме дека трендовите се движат кон одредена насока и сакаме овој таказамислен Тренди спот да биде примарен пред преостанатиот – изјавија креаторите на спотот.
Музиката и текстот за оваа песна се дело на Синиша Карафилоски и Дамир Пух кој исто така го створи аранжманот, додека вокалната изведба е на Јордан Џејмс Ивановски и Наташа Миха која се јавува како специјален гостин и ко-автор на текстот.
Синиша и Џејмс исто така не информираа дека во финална фаза е и нивната четврта песна, за која благовремено ќе ве информираме.
Во продолжение слушнете ја песната и погледнете го видеото на следниот линк