Дали вашата врска ќе го преживее летото?!
Летото е сезона на годишни одмори, но и “сезона” во која се случуваат најмногу флертувања и изневерувања. Убавото време и високите температури можат да бидат голем предизвик за многу врски, па некои парови есента не ја дочекуваат заедно.
По три години испитувања во кое учествувале 4.500 испитанци, научниците од медицинскиот факултет во Лондон заклучуваат дека луѓето во лето често се опуштаат на изневерувања.
За време на летните месеци, нешто повеќе од 20% од испитаниците биле изневерени од своите партнери, а друи 68% од нив признале дека на лето интензивно размислуваат за впуштање во авантура.
Кога е убаво времето склони сме и отворени да флертуваме со непознати луѓе – дури 41% од испитаниците изјавиле дека полесно во летото се осмелуваат да флертуваат со непознати.
Се разбира, има и такви кои не изневеруваат “сезонски” – 11% од испитаниците признале дека во авантура се впуштаат за време на целата година.
{loadposition content9}