Претставата за деца ,,Далматинко дизајнерот” вечерва во 21:00 на сцената кај ТЦ Амам
Претставата за деца ,,Далматинко дизајнерот” вечерва во 21:00 на сцената кај ТЦ Амам, како дел од проектот ,,За сите деца” поддржан од Општина Охрид.
,,Далматинко дизајнерот” е урнебесна хит комедија за деца. Целото дејствие се случува во куќата на кучето Далматинко кое е најбогатото куче во населбата. Далматинко се променува целосно кога е избран да биде дизајнер на модната ревија за кучиња, но почнуваат многу незгоди кои му ги приредуваат кученцето Тошко и комшивката Тетка Светле.
Претставата пренесува моќна порака: Никого не потценувај во својот живот, не прави разлика кој од каде потекнува и колку има, бидејќи сите сме еднакви и секогаш треба да бидеме заедно како едно!
Автор и режисер на претставата е Сашо Ристовски, а играат Бранко Атанасов, Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и Ема Давчева.