Skip to main content

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД ВО ПОСЕТА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА КИНА

Делегација на Општина Охрид, составена од Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска и Секретарот на Општина Охрид Игор Бежоски од 11-ти до 14-ти јуни престојуваа во официјална посета на Народна Република Кина.

 |   | 

Делегација на Општина Охрид, составена од Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска и Секретарот на Општина Охрид Игор Бежоски од 11-ти до 14-ти јуни престојуваа во официјална посета на Народна Република Кина.

Во координација со амбасадата на Република Северна Македонија во Пекинг, делгацијата на општина Охрид учествуваше на петата работна сесија во градот Далиан, во рамките на Процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Југоисточна и Централна Европа на Асоцијацијата на локални власти.

За време на церемнонијата на отворањето на сесијата, пред присутните градоначалници, амбасадори и високи претставници на локалните власти на 17 држави (Иницијатива 16+1) се обрати Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска, која во своето обраќање го презентираше природното, културното и историското наследство на Охрид, како и потенцијалите за инвестиции во повеќе сектори.

Во рамки на својата посета, делегацијата на Општина Охрид заедно со Вршителот на должност во амбасадата на Република Северна Македонија во Кина, Зорица Ташковска, остварија средба со Градоначалник на Далиан, Тан Ченху. На средбата се дискутираше за идни конкретни активности на збратимените градови Далиан и Охрид, во насока на стекнување на искуства во области на туризмот, преку размена на студенти и хотелско-угостителски работници, како и учество на бројни културни манифестации, кои се одржуваат во двата града.

Македонската делегација оствари и билатерални средби со амбасадорите и претставниците на локалните власти од земјите учеснички на сесијата од поранешна Југославија и Република Грција.

Во знак на добрите пријателски односи помеѓу Далиан и Охрид, Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелекса имаше свое обраќање и во рамки за завршниот дел од сесијата, во која говореше за можностите за идна економска и туристичка соработка.