НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид
Денес ќе биде прикажана тетарската претстава „Генијална идеја“
Денес во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид ќе биде изведена „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид.
Денес во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид ќе биде изведена „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид. Претставата е по текст на повеќе автори во драматургија и режија на Ненад Витанов. Ова е втора премиера финансирана од Министертвото за култура и туризам на Р. Македонија.
Во оваа дуо драма улогите ги толкуваат Ивица Цонев и Филип Кипровски, а сценографијата е на Филип Витанов, костимиограф Мимоза Тодоровска.
Цена на карта 300 денари, почеток 20.00 часот.
Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот, и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставатата резервации за претставата не се примаат и се продаваат исклучиво на билетарата.